More

    Откриено која е постарата жена која му ја одзела невиноста на Хари, сексот траел 5 минути

    spot_img

    Војводата од Сасекс, принцот Хари во својата автобиографија „Резерва“ (Spareопиша дека првиот интимен однос го имал со „постара жена“, а сега таа решила да проговори.

    Идентитетот на жената со која младиот принц Хари ја изгубил невиноста со недели е предмет на шпекулации, а се претпоставуваше дека се работи за британската актерка Елизабет Харли, која веднаш демантираше сѐ.

    Имено, сега 40-годишната Саша Волпол, која тогаш со „невиниот“ принц Хари имала секс во пабот, сега за првпат проговори за нивната однос.

    Принцот Хари и Саша имале афера откако тој ја напуштил забавата во паб по повод 19-от роденден на Саша во јули 2001 година.

    Таа признала дека односот се случил откако испиле повеќе од десет чаши текила, Бејлис и уште еден пијалак.

    Хари, кој со сега свои 38 години е само две години помлад од Саша, предизвика хаос откако во своите мемоари „Резерва“ (Spare) откри дека првото сексуално искуство го доживеал со постара љубовница. Тој напишал дека тогаш имал 17 години.

    Саша сега проговори и откри некои детали од нивниот однос.

    – Јас сум жената која му ја одзеде невиноста на Хари. Тоа беше буквално бам-бам помеѓу двајца пријатели. Сексот беше страстен и блескав, бидејќи не требаше тоа да го направимеЕдна работа брзо водеше до друга – признала Саша за британски Сан“ и додала:

    – Завршивме на подот. Еднократната средба се случи на ливада зад паркингот на тогаш популарниот „Вајн Треи Ин“ во Нортон, Вилтшир, во јули 2001 година. Хари тогаш имаше само 17 години – една година помалку отколку што пишува во неговата автобиографија – рекла Саша.

    Хари и Саша, која сега работи како возач на багер, се познавале уште од времето кога таа работела во ергелите во Хајгров, селскиот имот на кралот Чарлс, и пред да се случи нивниот прв однос, уживале заедно да одат на поло натпревари.

    Двојката имала сексуален однос откако ја напуштила забавата одржана во паб за 19-от роденден на Саша.

    Потоа, Хари се сокрил во црвена телефонска говорница за да не го видат, пред пријателката на Саша да го донесе службеникот за обезбедување со нејзината сина „форд фиеста“, пренесува британски „Телеграф.

    Саша, која сега е во брак и е мајка на две деца, рекла:

    – Излеговме надвор и двајцата се качивме на оградата. Бевме прилично пијани во тој момент. Му дадов цигара на Хари. Ја запалив мојата, а потоа и неговата цигара. Ги пушевме  и едноставно се случи тоа. Почна да ме бакнува. Носеше боксерки. Немаше разговор, немаше зборови – открила Саша и додала:

    – Беше возбудливо што тоа се случуваше. Беше возбудливо што се случуваше онака како што беше. Бевме отсутни 15 минути, но сексот траеше околу пет минути. Немавме намера да го направиме тоа и не беше однапред смислено. Беше млад. Бевме чисти пријатели и тоа беше малку „палаво“, во смисла дека не требаше да се случи тоа.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img