More

    Османи вели дека францускиот предлог не е конечен

    spot_img

    Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вчерашното гостување во емисијата „10 минути“ откри дека спорниот елемент во францускиот предлог е ставен во заграда, што значи дека тој не е конечен предлог на Париз.

    – Ставен е во заграда, што значи дека тоа не е конечен предлог на Париз. Не можам да кажам дека документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Не можевме да се договориме со Бугарија, иако јас мислам дека тоа многу лесно  може да се реши доколку има политичка волја – изјави Османи.

    Османи зборуваше и за записникот од меѓувладината конференција на Македонија и Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

    – Тие записници се викаат протоколи. Еден протокол потпишал мојот претходник, вториот не е усогласен. Ги знам аргументите, штом Договорот е внатре во рамката, а ги опфаќа сите одредби во него, што е спорно да се спомнува? Ја разбирам логиката дека нема правни последици од тоа дали ќе се спомене или не, бидејќи Бугарија ако сака да спречи, ќе најде милион аргументи и да се во рамката или не, за да ги искористи – додаде министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img