More

    Опозицијата смета дека изедначувањето на дивоградбите со легалните објекти отвора таква можност

    spot_img

    Со измената на законското решение за потребите на изградбата на коридорите Груби и Ковачевски го изедначуваат статусот на легалните и нелегалните објекти, односно нелегалните објекти кои се градени без дозвола, без документи, ќе бидат обештетувани со иста мерка како и легалните објекти во процесот на експропријација. Тоа значи дека ако утре некој изгради нелегален објект на трасата, Груби и Ковачевски ќе потрошат огромна сума народни пари да го платат сето тоа – обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „Ваквите решенија на крими дуото Груби-Ковачевски стимулираат неправда и неправо, стимулира урбанистички јавашлук и хаос, а сето тоа да го плаќаат даночните обврзници. Но, што да се очекува од такви ликови кои во политиката функционираат со заобиловувања на законите и прописите. Не е ни чудо што ја осиромашија државата. Изборите се единствено решение за нив, најпрво да одговараат пред народот, а потоа да одговараат и пред правосудните органи“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ.

    СДСМ на ова одговори со оценка дека ВМРО-ДПМНЕ, со нападите против коридорите 8 и 10Д, всушност ги обвинуваат САД за криминал.

    „ВМРО-ДПМНЕ постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата. Денес оваа партија отворено се противи и на историски најголема инвестиција во патната инфраструктура во државата – изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, шири невистини и ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција. Со СДСМ државата се развива, се модернизира додека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е партија која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img