More

    Она што ја засега е намалувањето на продажбата на коли во Европа

    spot_img

    Македонските компании од автомобилската индустрија нема да имаат директни последици од трговската војна меѓу САД и Кина и намалувањето на извозот на германиум и галиум од Кина кои се користат во производство на полупроводници и електрични автомобили, но се директно зависни од продажбата на автомобили на европскиот пазар, велат од оваа индустрија.

    – Нашите компании нема да бидат засегнати од оваа глобална игра на САД и Кина, но ќе бидат зависни од побарувачката на автомобили на европскиот пазар, во оваа и во следните години – вели Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори и извршен директор на „Костал Македонија“.

    Според него, во првите 5 месеци од годинава продажбата на автомобили во Европа забележа раст од 18% во однос на лани, кога го достигна дното.

    – Ваквиот пораст, меѓутоа, е резултат на заостанатите нарачки кои не беа испорачани лани поради проблемите што оваа индустрија ги имаше со синџирите на снабдување и војната во Украина. Втората половина од годинава, поради рецесијата во Германија и слабиот раст на другите економии во Европа, како и високата инфлација и високите камати, се очекува побалансирана побарувачка на автомобили. Тоа значи дека ќе имаме стабилизација на нарачките на одредено пониско ниво, но се очекува годинава да биде позитивна. Сепак, нема да се достигне нивото од најуспешната 2017 година, која беше врв на глобалното производство на автомобили со речиси 95 милиони возила – вели Мизо.

    Податоците за нашата автомобилска индустрија се 23% од преткризните бројки што дава оптимизам дека обемот на производството ќе биде во корелација со случувањата на побарувачката на автомобили во Европа и подобар од лани.
    Како еден од проблемите кои ги имаат и компаниите од автомобилскиот сектор, Мизо го издвојува обезбедувањето квалитетна работна рака.

    – Во еден период велевме дека имаме високи стапки на невработени поради фактот што не отвораме работни места, а сега, кога имаме слободни работни места, не можеме да ги пополниме затоа што оние кои се пријавуваат како невработени се пребирливи, а другите одат на сезонска работа во странство – вели тој.

    Голем дел од барањата на странските и на домашните инвеститори се совпаѓаат и со она што им е потребно на компаниите од автомобилската индустрија, а тоа главно се зголемувањето на минималната плата која треба да биде еден од чинителите при добивањето државни грантови за реализација на плановите за зголемување на бројот на вработени, но и усогласувањето на царинските стапки и сметководствените стандарди со европските.

    Инвестициите во автомобилската индустрија изминатиот период значително ја променија извозната структура на земјата, која со децении се потпираше на извозот на метали и текстилни производи. Сега компании од овој сектор се и најголеми извозници.

    Во првите 4 месеци од годинава извозот бележи зголемување од 6,3% во однос на истиот период лани. Голем дел од овој извоз припаѓа на автомобилската индустрија.
    Во земјава работат 15 компании, странски инвестиции од автомобилскиот сектор, кои остваруваат приход во просек од 25 % од БДП на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img