More

    Олена Зеленска против сојузниците во интервју на Би-Би-Си

    spot_img

    Економското влијание на војната во Украина е тешко за сојузниците, изјави првата дама на Украина Олена Зеленска во интервју за Би-Би-Си и додаде дека Британците бројат пени, Украинците бројат жртви.

    Зеленска рече дека кризата ќе завршеше побрзо доколку поддршката за Украина беше посилна и дека е важно да продолжиме да зборуваме за човечките жртви на војната.

    Олена Зеленска, која е во брак со украинскиот претседател од 2003 година, изјави дека тие ретко се гледаат, но дека разговараат секој ден.

    На прашањето, каква порака има таа за Британците кои се соочуваат со огромни сметки за енергија поради руската инвазија на Украина и влијанието што тоа го има врз глобалните цени на нафтата и гасот, Зеленска одговара:

    – Разбирам дека ситуацијата е многу тешка, но дозволете ми да ве потсетам дека за време на епидемијата на kовид-19, која се уште е таму, имаше и пораст на цените и беше погодена Украина. Цените растат и во Украина. Но со тоа нашиот народ умира. Затоа знајте дека кога ќе почнете да ги броите парите на вашата банкарска сметка или во вашиот џеб, ние го правиме истото, само што ги броиме нашите жртви. Мораме да раскажуваме вакви приказни – вели сопругата на украинскиот претседател.

    Зеленска рече дека е тешко за луѓето надвор од Украина да го разберат влијанието на војната врз нејзините граѓани, но затоа е важно да се споделат приказните на луѓето за жртвите од конфликтот.

    Таа рече дека многу родители сигурно ќе бидат трогнати од приказната за украинското момче кое беше снимено како плаче додека ја минуваше полската граница минатиот март.

    – Мислам дека татковците и мајките не можеа да го гледаат ова видео без солзи. Секогаш се ставам во нивна ситуација и мислам дека секој – секој човек на светот треба да се чувствува исто. Затоа мораме да раскажуваме вакви приказни, да ги прикажуваме овие приказни, бидејќи тие се лица на војната – рече Зеленска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img