More

    Околу 156.000 отишле во соседна Полска

    spot_img

    Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000 и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР.

    „Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти“, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер. Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.

    Од почетокот на рускиот напад на Украина само во соседна Полска преминале околу 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа, соопшти денеска полската Гранична стража.

    „Од избувнувањето на војната 156 илјади бегалци пристигнаа во Полска. Ги прифаќаме сите оние кои бегаат од војната. Украинската страна е подготвена да прими помош за оние кои чекаат да ја преминат границата“, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи и администрација Блажеј Побожи.

    Портпаролот на Локалната полска гранична стража, Дариуш Шиниецки, изјави дека Полска на сите гранични премини овозможила премин на граничната контрола и пешки, освен на преминот Дорохуск каде што се чека најдолго за влез во Полска.

    Полско-украинската граница е долга 535 километри и има шест патни и шест железнички гранични премини. Најмало задржување на бегалците од Украина е на два премини каде за тоа се тие чекаат 20 односно 24 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img