More

    Огромен аквариум пукнал во хотел во Берлин, двајца повредени

    spot_img

    Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал изутринава во хотел во Берлин, Итната служба добила повик околу 6 часот. Водата од аквариумот во која имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улицата пред него, пренесува Билд. Германските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.

    Во аквариумот имало милион литри вода. На Твитер се појавила снимка од инцидентот, кој наводно го објавил гостин од хотелот. На снимката се гледа хаос кој се случил по пукањето на аквариумот – лобито во хотелот е уништено, а на подот има вода.

    На лице место се пожарникари со службата за Итна помош. Засега не е познато како дошло до инцидентот. Улицата во која се наоѓа хотелот е затворена, јавија службите на Твитер.

    „На улицата има многу вода, причината засега и натаму е непозната“, наведуваат од сообраќајната служба на Берлин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img