More

    Огранокот на ДУИ во Чаир сепак има нов координатор?

    spot_img

    Вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук му ја честиташе новата партиска функција на Бујар Османи, кој беше именуван за „координатор за политички процеси на ДУИ во општина Чаир“. И покрај вчерашните изјави на сопартиецот Изет Меџити кој е претседател на чаирскиот огранок дека ваква функција не постои во Статутот, Груби ја изрази својата поддршка за новименуваниот Османи.

    „Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, пишува Груби на Фејсбук.

    Претходно, Меџити напиша дека не е разрешен од претседателската функција на чаирскиот огранок.

    – Не сум разрешен. Јас сум избран во легална процедура и низ редовна кампања и имам мандат како претседател на огранокот – изјави вчера Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img