More

    Одложено судењето за „Ласкарци“, „ова е брука и срамота“

    spot_img

    Одложено е денешното судење за случајот со автобуската несреќа во Ласкарци. Вештакот Зекирија Зекири не се појавил, а наместо писмено, усмено известил дека е болен. Судијката Дијана Груевска-Илиевска кажа дека ќе бара документација за тоа каде вештакот правел испитување. Ако вештакот Зекирија Зекири не дојде на наредното рочиште, ќе се испитува некој од другите вештаци потпишани на супервештачењето.

    Во болеста на Зеќири се сомнева и јавниот обвинител Дарко Јакимовски. Бурни реакции имаше и од страна на роднините и родителите на загинатите лица во сообраќајката пред четири години. Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски, пред судот посочи дека од вселена се гледа дека ова е смислено сценари

    – Она од што се плашевме и сомневавме денеска се реализира. Од вселената се гледа дека ова е смислено сценарио од вештите лица. Вештото лице, т.н. доктор на науки, преку ноќ се разболи, без да приложи документација и доказ до судот. Иако по закон, уредно покането лице, било кое, треба да го оправда отсуството. Судот продолжува со игрите, одолговлекување на процесот, одлагање на рочиштето. Одбраната се повикува дека и други лица можеле да вештачат, но пак ќе кажам, ова што се случува е брука и срамота за судството и останатото што се случува во процесот. На 13 февруари 2023 година се одбележува четврта година откако се случи несреќата. За пет дена се прават четири полни години. Зарем може преку ноќ да се разболи човек и без оправдување да не дојде на рочиште? – праша Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски.

    Следното судење е за во четврток, а родителите и роднините се надеваат дека вештакот Зекири ќе оздрави.

    Трпевски посочува:

    – Тој не знае на најосновни прашања да одговори.

    – Се надеваме дека вештото лице ќе биде присутно на судењето. Се сомневаме дека се прават игри. На изминатите рочишта, ова вешто лице покажа дека нема ‘благе везе’ со предметот. На најосновни прашања од Обвинителството не знае да одговори, самите бевте сведоци. Никогаш во животот немал ваков предмет за вештачење. Две години има лиценца, не знае да чита тапографски ленти. Како да веруваме дека тоа вештачење е професионално? Се купува време со недоаѓањето, а тој да не биде испрашуван – додаде Трпевски.

    Предметот „Ласкарци“ се суди веќе четири години.

    Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.

    Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

    Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img