More

    Од ВМРО-ДПМНЕ ги истакнаа спорните делови на францускиот предлог

    spot_img

    Според неофицијални информации, денеска во 13 часот во Клубот на пратениците во Скопје ќе започне првата средба на меѓупартиските работни групи, чија задача ќе биде подобрувањето на делови од текстот, содржани во т.н. француски предлог.

    Нашиот извор во ВМРО-ДПМНЕ ни открива дека од најголемата опозициска партија ќе инсистираат на промена на неколку суштински делови од текстот, како и исфрлање на сите спорни делови од предлогот.

    – Предлогот за работни групи го дадовме со цел нашите забелешки да ги преточиме во конкретни дела во однос на документите и преговарачката рамка, која е предмет на дискусија. Нашите забелешки се однесуваат пред се за исфрлање на сите спорни делови кои предизвикаа контраверза во однос на постојниот предлог, а со кој се прави отворена штета за државните и национални интереси – вели нашиот извор во ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата сметаат и дека во преговорачката рамка не е добро да стои условот за промена на нашиот Устав, а премногу спорна точка од предлогот е дека Бугарија ќе учествува во креирањето на содржината на македонските учебници.

    – Измените на текстот се однесуваат на тргање на делот за уставни измени со кој би се обврзала државата, како и отфрлање на можноста за измена на учебници, историски факти како и ризиците кои постојат за негирање на македонскиот јазик – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img