More

    Од ТАВ Македонија информираа дека сите присутни се безбедно евакуирани од аеродромот

    spot_img

    Утрово на дојава за поставена експлозивна направа беше пристигната на адресата на Меѓународниот Аеродром Скопје, при што веднаш било известено МВР, а целиот персонал и сите присутни биле евакуирани на безбедно, информираат од операторот ТАВ Македонија.

    – Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред – стои во соопштението од ТАВ Македонија.

    Како што претходно информиравме од министерството за внатрешни работи за Плусинфо ги потврди информациите дека до нив се добиени дојави за поставени експлозивни направи во два хотели во Скопје, трговскиот центар Ист гејт, 15 улилишта во Скопје и во Битола, како и зградата на ФФМ, спортската сала „Борис Трајковски“ и аеродромот во Скопје

    – Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – нѐ информираа од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img