More

    Обвинување од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ го загрозува проектот за пречистителната станица

    spot_img

    Миле Зечевиќ и Димитар Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Данела Арсовска, затоа лажат и манипулираат, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

    „Скопјани се жртва на алчноста на СДС и Данела Арсовска. Проектот за пречистителна станица од страна на Златко Перински е воден согласно препораките на ЕИБ, што и го потврдија од банката, за разлика од него, Арсовска сакала да влијае во постапката и менува Комисија среде процес. Желбата за криминал на коалицијата СДС и уценетата Арсовска го руши имиџот на градот Скопје пред меѓународните институции. Дека СДС и Арсовска лажат потврди и ЕИБ, а тие се штитат помеѓу себе заради провизиите на Арсовска и нејзиниот турски фаворит“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму велат дека сѐ што прави СДСМ во ек на најголема криза, наместо да работи, троши народни пари за црна кампања против Мицкоски, расфрлајќи над 100.000 евра за билборди, флаери и реклами.

    СДС се уплашени за својот рејтинг, кој е на дното заради нивната неспособност, неработа и антидржавно делување. Доколку имаше криминал, со вакво партизирано обвинителство и МВР, одамна ќе имаше епилог“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img