More

    Нов топлотен бран започнува во Грција, метеоролозите дознаваат до кога ќе трае

    spot_img

    Во Грција денеска започнува уште еден топлотен бран со предвидена температура од 44 степени, додека пожари се уште горат на делови од туристичките острови Родос и Крф, соопштија локалните власти.

    Метеоролошката служба соопшти дека во Атина денеска ќе биде 41 степен, а во централниот дел на земјата 44 Целзиусови степени.

    Оние многу високи температури, кои доаѓаат по викендот со екстремни горештини, ќе продолжат и утре пред очекуваниот пад до пет степени од четврток.

    Грција се соочува со еден од најдолгите топлотни бранови во последниве години, според метеоролозите.

    Пожарникарите денеска продолжија со гаснење на пожарите на островите Родос во Егејското Море на југоисток, Крф во Јонското Море на северозапад и Евбеја, голем остров источно од Атина.

    Тие шумски пожари, поттикнати од силните ветрови, веќе уништија неколку илјади хектари шума и вегетација. Нема пријавени жртви.

    Во многу региони во земјава сè уште има „црвен метео аларм“, кој е аларм за опасност од шумски пожари, додека на Егејското Море дува ветрови со брзина до 40 километри на час.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img