More

    Нов сој на коронавирус во Индија – Позаразен е од омикрон

    spot_img

    Нов, позаразен сој на коронавирусот се појави во Индија. Првиот случај на новиот вид на коронавирус под името XE е откриен денеска во Индија, во градот Мумбај. Светската здравствена организација(СЗО) минатата недела соопшти дека новиот мутиран вид XE може да биде позаразен од кој било претходен.

    Овој вид е откриен на почетокот на 2022 година, а Британската здравствена агенција на 3 април објави дека XE првпат е откриен на 19 јануари и оттогаш во Велика Британија имало 637 случаи. СЗО проценува дека XE е 10 отсто позаразна од подсојот на омикрон BA.2.
    Од 230 пациенти во Мумбај чии примероци се секвенционирани, 228 се позитивни на омикрон, еден на сојот Капа и еден на XE.

    Вкупно 21 пациент се хоспитализирани, некои од нив со кислородна поддршка. Од 21 пациент, 12 биле невакцинирани, додека девет примиле две дози.

    Досега се појавија најмалку 10 соеви на коронавирусот. Откако почна пандемијата, над 6.1 милиони луѓе во светот починаа од коронавирусот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img