More

    Николовски предлага висината на платите да се определува според тежината на работата

    spot_img

    Висината на платите треба да соодветствува со тежината на работата, граѓаните коишто вистински работат треба да имаат повисоки плати а не оние што ги нарекуваат паразити и коишто ништо не работат, а земаат плата, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

    – Ние излегуваме со факти, најдобар доказ дека точно сме погодиле онаму каде што треба е тоа што никој од овие кои што до сега се споменати не демантираше дека не зема толку висока плата, напротив сите потврдија со некои смешни образложенија. Висината на платите треба да соодветствува со тежината на работата, а овде за жал, каде што ние објавуваме висината на платите воопшто не соодветствува со тежината на работата. Еве само еден пример, објавивме за високата плата на директорот на АЕК на агенцијата за електронски комуникации дали било кој граѓанин во државата знае што работи Агенцијата за електронски комуникации и уште повеќе дали знае кој е директор и дали знае што тој директор работи – рече Николовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img