More

    Никогаш нема да се откажеме од својот суверенитет, врати Тајпеј

    spot_img

    Тајван нема да се откаже од својот суверенитет и нема да прави компромиси за прашањата на слободата и демократијата, јавија британските медиуми, повикувајќи се на денешното соопштение на тајванското претседателство.

    – Народот на Тајван решително се спротивставува на идејата на Пекинг за спроведување на концептот една земја, два системи” за Тајван – се додава во соопштението.

    Претседателството на Тајван експресно го лиферуваше соопштението откако кинескиот претседател Си Џинпинг утринава, во говорот на отворањето на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, кажа дека кинескиот народ е тој што треба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од своето право да прибегне и кон употреба на сила за решавање на ова прашање.

    – Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот е заедничка одговорност на двете страни, а средбата на бојното поле не е опција – се нагласува во соопштението на тајванското претседателство.

    Кина го смета Тајван за своја територија и покрај силното противење на владата во Тајпеј, која го отфрла кинескиот суверенитет и тврди дека само луѓето на островот имаат право да одлучуваат за својата судбина.

    – Пекинг отсекогаш го почитувал, се грижел и работел за благосостојбата на тајванскиот народ и бил посветен на развојот на економската и културната размена преку Тајванскиот теснец. Тајванското прашање е наше внатрешно прашање и зависи од кинескиот народ да одлучи. Бараме мирно обединување, но никогаш нема да ветиме дека ќе се откажеме од употребата на сила. Нема да дозволиме мешање на странска сила и дејствија на многу мал дел од населението кои се за независност на Тајван, спротивно на мислењето на мнозинството од народот на Тајван, рече Си.

    Зборувајќи за Хонг Конг, Си кажа дека Кина „мора да го охрабри Хонг Конг, со кој управуваат патриоти“ и додаде дека „Кина ќе го поддржи Хонг Конг во обединувањето со главната територија на нашата земја“. Тој посочи дека „една земја, два системи“ е најдобриот модел за Хонг Конг и дека „на тоа мора да се работи на долг рок“.

    Кинескиот претседател уште рече дека земјата ќе ја зајакнува својата армија и одбранбените способности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img