More

    Ни се заканува исчезнување на најпопуларната сорта на нашето омилено овошје: „Никој не е ни блиску до решавање на проблемот!“

    spot_img

    Сортата банана Кевендиш моментално е на работ на истребување како резултат на габична болест – попозната како Панамска болест. Посевите во Азија, Африка, Блискиот Исток, Австралија и Централна Америка се сериозно погодени од овие габи кои се пренесуваат преку почвата, пренесува Unilad.

    Болеста се нарекува и „венење на банана“ и е особено погубна затоа што го таргетира васкуларниот систем на плодот, намалувајќи ја количината на вода земена од почвата.

    Истражувањата покажуваат дека секоја година се јадат повеќе од 100 милијарди банани, од кои дури 47 отсто се од сортата банана Кевендиш. Ова не е прв пат Панамската болест да ги опустоши посевите ширум светот, бидејќи сојот Т1, исто така, претходно избриша еден вид банана наречена Грос Мишел.

    Џејмс Дејл, професор и раководител на програмата за биотехнологија на банана на Технолошкиот универзитет во Квинсленд, објасни како Грос Мишел била главната извозна банана во првата половина на минатиот век.

    Во текот на 1950-тите, оваа болест ги зарази сите насади, што ги принуди земјоделците да најдат нова сорта – Кевендиш. Наскоро стана популарен поради неговата отпорност на сојот Т1.

    Посевите во моментов се погодени од сојот Т4 на Панамската болест, кој се шири многу побавно од претходните видови, па Дејл верува дека ќе поминат уште 10 години пред целосно да исчезнат бананите од Кевендиш.

    Новинарот и автор на книгата „Banana: The Fate of the Fruit That Changed the World“, Ден Кепел за Insider изјави дека во моментов никој не е ни блиску до решавање на проблемот.

    „Одговорот ќе биде крај на монокултурата. Решението е различноста“, смета Копел.

    Иако смета дека тоа е краткорочно решение, сигурен е дека е потребна нова сорта на овошје отпорна на болести, како што се случи претходно по исчезнувањето на сортата Грос Мишел, пренесува Јутарњи лист.

    „Долгорочното решение е масовно производство и продажба на повеќе од една сорта на банани. Колку се генетски поразновидни, толку помалку се подложни на болести“, заклучува Копел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img