More

    Непознат маж се шмугнал меѓу полицајците и го гушнал германскиот канцелар Шолц

    spot_img

    Непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил, а кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне.

    Како што јавува „Билд“, инцидентот се случил во средата околу 23:00 часот, само неколку моменти пред Шолц да се качи во владиниот авион.

    Канцеларот штотуку го прославил 25-тиот роденден на Европската централна банка (ЕЦБ) и ја напуштил зградата на ЕЦБ заедно со министерот за финансии Кристијан Линднер, упатувајќи се кон аеродромот. Тие патувале во блиндирани лимузини, а полицајците на државната полиција на Хесен со патролни автомобили и мотоцикли го обезбедувале владиниот конвој. Телохранителите на канцеларот седеле во два службени автомобила на Шолц.

    Попатно, зад последното патролно возило одеднаш се појавил приватен автомобил. Зад воланот бил човек кој подоцна тврдел дека мислел дека се работи за голема семејна венчавка. Полицајците очигледно не го забележале автомобилот кој не бил дел од владиниот конвој.

    Обезбедувањето на аеродромот во Франкфурт го пуштило да ја мине бариерата на патот до пистата, иако регистарската табличка не била однапред објавена како сите други. Колоната продолжила кон владиниот авион Ербас А319, пренесува „Телеграф“.

    Сите членови на делегацијата, вклучително и Линднер, почнале да се качуваат во авионот, само не Шолц.

    Тој имал службен телефонски разговор во неговиот автомобил, кој траел неколку минути. Канцеларот сè уште го чувале телохранители на БКА и хесенската полиција. Потоа Шолц излегол од лимузината сакајќи да ѝ се заблагодари на полицијата и, како што често се случува, да се фотографира за спомен.

    Во тој момент мажот го напуштил своето возило, ненадејно се упатил кон Шолац, се ракувал со него и го притиснал на градите. Дури кога човекот го ослободил Шолц, телохранителите ја препознале опасната ситуација.

    Во тој момент сите сфатиле дека не знаат кој е овој човек, па брзо бил уапсен.

    Кабинетот на канцеларот објави дека „за Олаф Шолц тоа не бил голем инцидент во конкретната ситуација, само изненадувачки топла прегратка. Во ретроспектива, станува јасно што можело да се случи“.

    Германските медиуми наведуваат дека обезбедувањето на Шолц покајнички ја признало грешката и навело: „Ова никогаш повеќе не смее да се повтори“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img