More

    Неколку факти за австриски и шведски модел

    spot_img

    Австрија и Шведска, две земји коишто не се членки на НАТО, официјално неутрални во случај на војна и модел што Русија сака да го наметне на Украина. Од друга страна, Киев го отфрла таквиот модел и бара „гаранции за апсолутна безбедност“ во однос на Русија.

    Австрија е цврсто посветена на својата неутралност

    „Неутралноста е дел од австрискиот идентитет“, вели Мартин Сен, политиколог од Универзитетот во Инсбрук.

    Неутралноста наметната на Австрија од страна на Советскиот Сојуз во 1955 година по десетгодишна окупација заедно со Западот и овозможи на земјата, да стане место на историски средби.

    Токму во Австрија советскиот Никита Хрушчов се ракуваше со тогашниот американски претседател Џон Кенеди во 1961 година. Во 1979 година историски се ракуваа Леонид Брежњев и Џими Картер.

    Обединетите нации формираа едно од нивните седишта во Австрија, а таква одлука подоцна донесоа и други меѓународни организации. Оттогаш, Виена се залага за мир во светот и често беше домаќин на мултилатерални преговори.

    Сепак, Австрија не е целосно непристрасна. Во 1995 година, Австрија се приклучи на Европската унија и учествуваше во заедничката безбедност и одбрана според Лисабонскиот договор од 2009 година.

    Русија, која е традиционално блиска со Австрија, ја обвинува за „привидна неутралност“

    Австрија е зад Малта и Ирска, двете неутрални земји, третата земја со најмалку воени трошоци меѓу членките на Унијата: 0,7 отсто од БДП.

    Владата веќе ги објави плановите за зголемување на трошоците на 1 отсто за барем да ја достигне соседната, исто така, неутрална Швајцарија, која има три пати повеќе војници, борбени авиони и тенкови.

    Кога станува збор за влез во НАТО, само секој петти Австриец ја поддржува таквата можност, според една неодамнешна анкета.

    Шведска е официјално неврзана во мирновременски и неутрален за време на војната, а ја напушти својата строга политика на неутралност во 1992 година на крајот на Студената војна три години пред да се приклучи на Европската унија. Шведска е една од ретките европски земји која не доживеала војна повеќе од два века.

    Шведска не е членка на НАТО, иако е партнер на воената алијанса од средината на 1990-те и постепено се приближува кон неа во последните години.

    По нагло намалување на воените трошоци, тие паднаа од околу 4 проценти од БДП во 1960-тите и 1970-тите на само еден процент од 2010 година, но Шведска почна да реинвестира во војската по 2014 година кога Русија го анектираше полуостровот Крим.

    Од инвазијата врз Украина, Шведска најави дека сака да ги забрза инвестициите до 2 отсто од БДП што е можно поскоро, со цел да го постигне тоа до 2030 година.

    Според една неодамнешна анкета, повеќето Швеѓани за првпат гласале за влез во НАТО, но социјалдемократската премиерка Магдалена Андерсон ја отфрли можноста поради страв од „дестабилизација“ на ситуацијата во северна Европа.

    Финска, каде што според анкетите опадна и бројот на скептиците кон НАТО, не е толку категорична. Така, финскиот претседател Саули Нинисто повика минатиот викенд да се разговара за тоа и да се одлучи „без двоумење, но претпазливо“.

    Така, за прием во НАТО финскиот парламент ќе расправа во април, кога се очекува да добие извештај „за придобивките и ризиците“.

    Москва ѝ наметна неутралност на Финска за време на Студената војна, на која Финците со горчина се сеќаваат, а таа неутралност, која се нарекува со специфичното име „Финландизација“, заврши со распадот на Советскиот Сојуз. Финска е членка на Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img