More

    Научник од тимот на „АстраЗенека“тврди -Научниците и политичарите „веројатно убиле стотици илјади луѓе“

    spot_img

    Научник од Оксфорд изнесе шокантни тврдења за угледот на вакцината „АстраЗенека“, која ја нанеле политичарите и научниците.

    Сер Џон Бел, научник кој работел на развојот на вакцината „АстраЗенека“, вели дека мисли дека научниците и политичарите „веројатно убиле стотици илјади луѓе“, бидејќи нивните изјави го нарушиле угледот на таа вакцина, пишува Independent.

    – Тие го нарушија угледот на вакцината на начин што одекна во остатокот од светот – рече професорот сер Џон Бел, додавајќи:

    – Мислам дека лошото однесување на научниците и политичарите веројатно уби стотици илјади луѓе, што е нешто со што не можам да се гордеам.

    За време на давањето на вакцината на „АстраЗенека“ во Обединетото Кралство, владините советници препорачаа да им се понуди алтернатива на лица помлади од 40 години поради поврзаноста помеѓу вакцината и многу ретки случаи на згрутчување на крвта.

    Со тоа поврзаните стравови, исто така, доведоа до тоа многу земји како Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија, Исланд и Тајланд да ја прекинат употребата на оваа вакцина на одредено време.

    Вакцината, исто така, не одигра значајна улога во кампањата за бустер дозата. Би-Би-Си објави дека кога биле дадени повеќе од 37 милиони дополнителни дози на вакцина во Британија, само на 48.000 лица биле имунизирани со вакцината „АстраЗенека“.

    Коментарите на сер Џон Бел доаѓаат во време кога три од 10-те локални области во Велика Британија бележат зголемување на бројот на случаи од недела во недела.

    Петте области во Британија со најголем пораст на нови случаи се Ексетер, Харт, Форест оф Дин, Гилдфорд и Северен Девон. Шкотска забележа уште две смртни случаи од коронавирусот и уште 5.593 позитивни случаи во саботата, додека бројот на приеми во болница е намален. Во болницата во саботата имало 958 лица со потврден ковид-19, што е намалување од 990 во петокот и помалку од 1.291 истиот ден од минатата недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img