More

    „Наследство“ доби Еми за најдобра драмска серија, „Тед Ласо“ за најдобра комедија

    spot_img

    Серијата на ХБО „Наследство“ освои Еми за најдобра драмска серија, а на 74. церемонија на најпознатата телевизиска награда, серијата „Белиот лотос“ е прогласена за најдобра мини-серија, додека „Тед Ласо“ за најдобра хумористична серија.

     

    Серијата на ХБО „Наследство“ со Брајан Кокс во улога на патријарх на семејство кој се бори за контрола над медиумска династија, беше и фаворит за главната награда. Во конкуренција за најдобра драма беа сериите, меѓу другите, сериите „Игра на лигни“ и „Еуфорија“.

    Серијата „Белиот лотос“ која се врти околу богатите гости и работниците од луксузното одморалиште кои им се додворуваат, ја доби наградата за најдобра мини-серија.

    Серијата „Тед Ласо“ втора годиеа по ред ја доби наградата за најдобра комедија, а нејзините главни ѕвезди Џејсон Судеикис и Брет Голдстајн по вторпат беа прогласени за најдобар актер во комедија и најдобра спореден актер.

    Јужнокорејскиот актер Ли Јунг-јае е ново лице на листата на награди, откако доби Еми за најдобар актер во драма за улогата во глобално популарната серија „Игра на лигни“. Притоа, тој стана првиот јужнокорејски актер кој ја добил престижната награда за улога во неанглиска драма.

    И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше глобалната сензација за преживување „The Squid Games“ (Игра на лигни), освои Еми за најдобар режисер на драмска серија.

    Наградата за најдобра актерка во комедија ја доби Џин Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендаја беше прогласена за најдобра актерка во драма за улогата во серијата „Еуфорија“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img