More

    Народната банка не ја промени основната каматна стапка и таа останува на ниво од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ги задржа на 4,20% односно на  4,25%

    spot_img

    Народната банка не ја промени основната каматна стапка и таа останува на ниво од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ги задржа на 4,20% односно на  4,25%.

    Банката очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

    -Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии – велат од НБ.

    Централната банка оценува дека престанокот на важноста на мерката грантирани цени  влијаела на забрзување на инфлацијата во март на 4% на годишно ниво (3% во февруари).

    – Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат – велат од НБ.

    Тоа, како што велат од централната банка, влијаеше на оценката дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата.

    Народна банка оценува дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни, додека остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img