More

    Наплив на миграции, седум од десет мигранти имаат работа

    spot_img

    Миграциските движења се зголемија за 22 отсто во 2021 година, поттикнати првенствено од имиграцијата на работници во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), каде што седум од десет имигранти имаат работа, се вели во годишниот извештај на организацијата.

    По 2020 година, кога беше забележан рекорден пад на движењето на мигрантите поради пандемијата „Ковид-19“, „постојаната миграција во земјите на ОЕЦД се зголеми за 22 отсто во 2021 година“ со 4,8 милиони пристигнувања, се вели во извештајот на организацијата за меѓународна миграција.

    Трендот е обратен поради „силното закрепнување на економската активност, повторното отворање на границите, зголемените потреби за работна сила и продолжувањето на издавањето визи“, рече директорот за вработување, труд и социјални работи на организацијата, Стефано Скарпета, според извештајот.

    Овој нагорен тренд треба да продолжи и во 2022 година, која е обележана со војната во Украина, предвидува организацијата.

    Со забрзувањето на движењето во 2021 година, мигрантските текови се приближуваат до нивото пред ковид, но сè уште не го достигнале.

    Помеѓу 2017 и 2019 година, просечно 5,3 милиони луѓе влегуваа во земјите на ОЕЦД секоја година.

    Минатата година, САД ја задржаа својата улога на двигател, прими 834.000 луѓе, односно 43 отсто повеќе од 2020 година.

    Имиграцијата на работна сила доведе до зголемување од 45 отсто на ваквите влезови во споредба со претходната година, односно 750.000 работници повеќе, од кои 300.000 во земјите на ЕУ, што е највисоко ниво во последните десет години.

    Во 2021 година, 69,4 отсто од имигрантите имале работа, само 0,5 процентни поени под нивото пред кризата со Ковид, соопшти организацијата, прецизирајќи дека во речиси половина од земјите на ОЕЦД, имигрантите го достигнале или го надминале нивото на вработеност пред кризата.

    Пристигнувањето на сезонски работници се зголеми и за 18 отсто во сите земји со врвови во Велика Британија (плус 311 отсто) и Франција (плус 160 отсто).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img