More

    Напаѓачот на Салман Ружди се изјасни за невин

    spot_img

    Хади Матар (24), кој е обвинет за прободување на писателот Салман Ружди во американската сојузна држава Њујорк, се изјасни за невин за обид за убиство и напад од втор степен, за што се товари. Судот одлучи да го задржи Матар во притвор без можност да биде ослободен со кауција.

    Неговото следно судење е закажано за 22 септември. Доколку биде прогласен за виновен, на Матар му се заканува затворска казна до 25 години.

    Матар е обвинет дека го повредил Ружди минатата недела пред авторот на „Сатански с

    Ружди беше хоспитализиран со тешки повреди, а писатели и политичари од целиот свет оценија дека ова е напад на слободата на изразување. Нападот го осуди и макеоднскиот ПЕН Центар.

    Матар за новинарите изјави дека е изненаден што писателот преживе. Во интервју за американски Њујорк пост од затвор, Матар призна дека „прочитал само неколку страници“ од романот на Ружди „Сатански стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако видел објава на Твитер дека авторот ќе биде гостин во Институтот Чаутаука во американската сојузна држава Њујорк.

    – Прочитав само неколку страници, не ја прочитав целата книга до крај. Не ми се допадна таа личност, мислам дека не е добар. Тој е некој што го нападна исламот, ги нападна моите верувања и религиозниот систем – рече Матар и додаде дека гледал видеа од Ружди на Јутјуб“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img