More

    Најмногу наврна во Гевгелија, врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта

    Најмногу дожд денеска до 16 часот наврнал во Гевгелија – 11 литри на квадратен метар, во Демир Капија, 8 на Попова Шапка, 6 во Битола, 7 Маврови Анови и 4 во Скопје, поточно Петровец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурите се движат од -1 на Попова Шапка, 0 во Маврови Анови, 2 во Крушево и Лазарополе, па до 8 степени Целзиусови во Струмица и Гевгелија, 9 во Охрид и 10 во Виница.

    Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје е облачно со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

    Времето утре (четврток) ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа, особено во јужните делови на земјата, врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

    Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

    Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img