More

    Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, обновата на изгорениот град Лахаина ќе чини 5,5 милијарди долари

    spot_img

    Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“.

    Стотици луѓе  уште се водат за исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.

    Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

    Грин изјави за Си-Би-Ес Њуз дека официјалните лица очекуваат да најдат помеѓу 10 и 20 луѓе дневно во текот на следната недела и пол.

    -Како што услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000 – рече Грин.

    Тоа се најсмртоносните шумски пожари од 1918 година кога 453 луѓе загинаа во шумски пожар во Минесота и Висконсин, според Националното здружение за заштита од пожари (NFPA). Причината за пожарот  е под истрага.

    Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img