More

    Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ги сумираше впечатоците по учеството на НБА Ол-стар натпреварот во Индијанаполис

    spot_img

    Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ги сумираше впечатоците по учеството на НБА Ол-стар натпреварот во Индијанаполис.

    Во својот шести Ол-стар во кариерата, Никола беше стартер. Не се трудеше премногу, уживаше во дружењето со соиграчите и ја забавуваше публиката со своето однесување и интересни потези. Натпреварот го заврши со 13 поени, 9 асистенции и 4 скока.

    -Беше одлично, вистинско задоволство е да се дели соблекувалната и теренот со такви играчи, а играта како игра… Можевте и сами да видите, навистина е задоволство да се биде овде. Па, јас ова го сфаќам како еден вид забава и беше забавно – рече Јокиќ.

    Кошаракарот на Денвер сподели и што разговарал со колегите за време на собирот на најголемите ѕвезди во НБА лигата.

    -Разговарав со нив, не за овој натпревар, туку воопшто за кошарката и за сè друго. Убаво е да се слушнат различни мислења, како луѓето поинаку ги гледаат работите. За мене сегоаш е добро кога сум на вакви настани – откри Никола Јокиќ.

    Лука Дончиќ и тој приредија незаборавно шоу за фановите. Правеа разни шеговити, се караа и привлекоа невидено внимание со своите духовити испади.

    Медиумите се интересираа дали има шанси еден ден да ги видиме Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во ист тим. А, одговроот на Јокиќ ја заинтригира зајвноста.

    -Па, не знам, можно е. Немам намера да го напуштам Денвер, но ако Лука се налути… – одговори Јокиќ.

    По мечот Србинот се пошегува на сметка на својот добар пријател кој настапува за тимот на Далас, изјави дека Дончиќ бил ужасен на теренот.

    – Лука е ужасен. Беше навистина лош во оваа игра. Беше полош од мене, 100% –  се пошегува Јокиќ со новинарите.

    Неговата шеговита изјава веднаш стана вирален хит.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img