More

    Нафтените полиња и гасните терминали заштитени од „странски служби“

    spot_img

    Норвешката полиција почна да распоредува системи за откривање беспилотни летала на платформи за нафта и гас за да ги истражи неодамнешните извештаи за нарушувања на безбедноста во областа, објави денеска весникот ВГ, додавајќи дека овој потег е дел од пошироките мерки за зајакнување на безбедноста, по минатонеделното оштетување на гасоводот Северен тек.

    Нафтените компании постојано известуваат за зголемување на бројот на неидентификувани беспилотни летала во последните недели, а норвешката Управа за безбедност на нафта (ПСА) на 26 септември предупреди за ризик од несреќи или намерни напади.

    Бенедикт Бјорнланд, раководителка на норвешката полиција, изјави дека сензорите се распоредени за да ги идентификуваат сите нелегални беспилотни летала, а исто така и како пречка од кој било што воопшто сака да ги користи.

    Дирекцијата на полицијата одби да каже колку од над 90-те полиња на нафта и гас во Норвешка се опремени со детектори.

    – Не сакаме да ви кажеме повеќе за ова бидејќи не сакаме да ги откриеме нашите способности на потенцијалните противници – изјави Тоне Ванген, шеф на полицискиот оддел за итни случаи.

    Норвешка, европски снабдувач на гас број еден и голем светски производител на нафта, минатата недела испрати членови на својата морнарица и воздухопловни сили да патролираат на нафтените полиња на морските и на копнените терминали по истекувањето на Северен поток.

    Многу земји сметаат дека тоа е саботажа.

    Властите во Осло во петокот известија дека Британија, Германија и Франција ќе им помогнат во патролирањето на морето.

    Норвешката влада објави дека не знае за конкретни закани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img