More

    На Украина удрија со хаубици од 1950 година

    spot_img

    За да ги надомести загубите во Украина, Кремљ извлече стотици антички хаубици М-46 од старите воени магацини. Руските копнени сили ја започнаа инвазијата на Украина со околу 5.000 парчиња артилерија и ракетни фрлачи. Дваесет и осум месеци подоцна, изгубиле најмалку 1.400 парчиња. Овие загуби не се единствениот проблем за руската армија. Повеќе од две години жестоки борби ги истрошија цевките на многу хаубици, но и ги испразнија руските предвоени резерви на муниција, пишува Форбс.

    Во потрага по тешко оружје и со огромни проблеми во производството на нова артилерија и гранати, Кремљ почна да ги пребарува магацините со оружје од Студената војна и посегна по артилерија која е застарена уште пред неколку децении. За муниција за старите „чудовишта“ Москва се обрати кон своите нови сојузници, Северна Кореја и Иран.

     

    Хаубицата М-46 од 1950-тите  е моќно оружје – тешко 8,5 тони, испалуваат 130- милиметарски гранати на домет до 27 километри со брзина од пет куршуми во минута – но исто така е тешко, комплицирано за маневрирање и потребни се дури 8 војници за управување. Токму затоа советската армија во 70-тите ги замени старите М-46 со поефикасни 152-милиметарски хаубици.

    Големите загуби на овие понови оружја, како и исцрпувањето на предвоените залихи артилериски гранати, го принудија Кремљ „да патува низ времето“. Околу една година по почетокот на инвазијата, дефектите на хаубицата М-46 веќе не изгледаа толку страшни.

    На почетокот на месецот на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат хаубици М-46 во воз, најверојатно на пат кон фронтот.

    „Тие веројатно добија околу половина од 130-милиметарските М-46 надвор од складиштето“- заклучија воените аналитичари минатата недела.

    Тоа се околу 330 моќни – но стари и тешки – заменски хаубици за ослабената руска армија во Украина. Руските фабрики повеќе не произведуваат муниција од 130 милиметри, туку тие во Северна Кореја, поради што снимката од руските хаубици како пукаат севернокорејски гранати не треба да изненадува.

    Единствените големи производители на гранати од 130 мм во светот се Северна Кореја и Иран. За да ги одржи во живот своите ново-стари хаубици, Москва нема избор – ќе мора да одржува добри односи со Пјонгјанг и Техеран.

    Муницијата за хаубиците е резултат на поблиските односи меѓу Москва и Пјонгјанг што ги вознемири Киев и Сеул и ја испровоцира Јужна Кореја да ја засили финансиската поддршка за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img