More

    На третиот ден од примирјето на слобода се 13 лица од Израел и четворица странци

    spot_img

    Милинатната група Хамас синоќа му предаде на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) 13 израелски заложници и четворица странци, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар, а во замена за 39 затвореници од израелските затвори. Денеска е трет ден од четиридневното примирје.

    – Тринаесет Израелци и четворица странци се примени од МКЦК и се на пат за Рафа – изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал Ансари.

    Претходно во неделата, Хамас го пролонгираше ослободувањето на заложниците тврдејќи додека Израел не дозволи камиони со хуманитарна помош да влезат во северна Газа.

    Истовремено,  израелските власти ослободија 39 палестински затвореници, меѓу кои шест жени и 33 деца, објави палестинската новинска агенција ВАФА. Според извештајот, ослободени се шест жени и 33 млади мажи помлади од 19 години. Тие беа примени од нивните семејства во Источен Ерусалим и на Западниот Брег.

    И за денеска е предвидено ослободување на заложници и палестински затвореници, но не е познато колкав ќе биде нивниот број и кога тоа ќе се случи.

    Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори.

    Тоа е прв прекин на огнот од почетокот на конфликтот на 7 октомври кога Хамас го нападна Израел, при што се киднапирани 240 луѓе. Според израелските власти, во тој напад загинале 1.200 луѓе, од кои најголем број биле цивили.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img