More

    На саемот за чоколада во Париз, скулптура од четири метри и ревија на чоколадни фустани

    spot_img

    Чоколадна скулптура од четири метри го краси саемот за чоколада во Париз оваа година, каде слаткари и експерти ги изложуваат своите чоколадни ремек-дела, објави француското радио Франс Инфо.

    Најголемо внимание годинава привлече скулптурата „Чоколаден кристал“ висока и широка четири метри, дело на слаткарот Франсо Добине.

    „Ја правев скулптурата четири недели. Имаше употреба на техники за 3Д моделирање, склопување и колажирање на чоколадо, како и рачна работа од најмалку 48 часа“, изјави Добине за француските медиуми, додавајќи дека се потребни околу 150 килограми чоколада.

    На саемот, кој трае од 27 октомври до 1 ноември, се одржа ревија на чоколадни фустани, со посебен чоколаден модел инспириран од Пак Рабан.

    Различни експерти и слаткари на лице место прават чоколадни слатки на старомоден начин.

    Годинава во мода е темното чоколадо, направено на традиционален начин без додавање на какао путер, така што вкусот е поинтензивен и помалку сладок, со 60 проценти какао.

    На саемот беа организирани дегустации и натпревари, а меѓу производителите, покрај Франција, изложуваат слаткари и производители на какао од Бразил, Уганда, Тајланд, Венецуела, Перу и Брегот на Слоновата Коска.

    Посетителите можат да видат разни помали скулптури во форма на париски споменици, автомобили, книги, животни и сувенири, како што се чоколадни колачи.

    Билетот за саемот чини 15 евра во текот на денот, а 35 евра навечер кога се организираат чоколадните ревии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img