На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница приведен е 42 – годишен жител на Северна Македонија при обид да ја мине границата со 16.950 евра.
– Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави, одговорил негативно – пренесуваат албанските медиуми.
Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”.