More

    На денешен ден роден е Ѓорѓи Колозов

    spot_img

    Ѓорѓи Колозов (26 февруари 1948 – 13 октомври 2003) е еден од најпознатите македонски актери кој живее во колективната меморија како олицетворение на типските ликови: цар, кадија, чорбаџија, па дури и Господ.

    Колозов дипломира на Академијата за драмска уметност во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар. Станува познат поради одличната комбинација од неговиот изглед, глума, дикција и боја на глас кои ги доловуваат улогите на ликови кои се мудри и праведни авторитети.

    Тој од 1986 година почнува да глуми во познатата ТВ-серија „Македонски народни приказни“ заснована на збирката народни преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други.

    Серијата прво е насловена „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година се насловува „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ. Колозов снима околу 300 епизоди.

    Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика,  етнографијата, лингвистиката и националната историја.

    Во 1975 година се вработува во Македонскиот народен театар. На оваа сцена игра улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

    Колозов настапува во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Нели ти реков“, „Истрел“, „Тетовирање“ и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img