More

    На актуелната власт на Тајван не ѝ се допадна планот претставен од кинескиот претседател Си Џингпинг, со кој тој го представи планот за обединување на Кина со сепаратниот остров

    spot_img

    На актуелната власт на Тајван не ѝ се допадна планот претставен од кинескиот претседател Си Џингпинг, со кој тој го представи планот за обединување на Кина со сепаратниот остров.

    Според т.н. Бела книга за Тајван претставена од Џингпинг, се предвидува мирна реунификација на Тајван, заснована на моделот применет со Хонг Конг, наречен „една земја, два система“, со што ќе се гарантира приватната сопственост на островот, како и демократското политичко уредување.

    – Само граѓаните на Тајван можат да одлучуваат за својата иднина – порача портпаролката на Министерството за одбрана на Тајван, Жоан Оу.

    Таа додаде дека Кина ја искористи неодамнешната посета на претседателката на Преставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, како изговор за создавање на нова нормалност, со цел да ги заплаши граѓаните на Тајван.

    Според белата книга за Тајван, официјален Пекинг се залага за мирно решавање на сите спорови меѓу двете страни, но во истиот документ се наведува дека се задржува можноста за употреба на сила и заштита од мешање на трети сили и сите облици на сепаратистичко однесување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img