More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 03 Април, 2023

    spot_img

    На 02.04.2024 во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 02.04.2024 во 18.20 часот полициски службеници од СВР Битола во градскиот парк кај спортската сала „Боро Чурлевски“ ги лишиле од слобода К.У.(22) ,  С.Ч.(25) и А.М.(28) сите од Битола. При преглед, кај нив е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

     На 02.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.А.(45) од Скопје поради тоа што околу 20.30 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје извршил „разбојничка кражба“ при што одзел кацига од мотоцикл и физички нападнал 56- годишен скопјанец кој се обидел да го спречи да го изврши кривичното дело. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас…

     На 02.04.2024 околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово  товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

     На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово-прилепско Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп.

    На 02.04.2024 во 16.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, на крстосница од ул.„Партизанска“ со ул.„Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(48) од село Горно Оризари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

    На 02.04.2024  во 15.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле Б.Л.Л.(23) од Данска поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека во неговата патна биле искинати страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка. 

    На 02.04.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош К.В.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Козле“ била касната од куче скитник.

    На 03.04.2023 во 00.55 часот во Полициска станица Велес Г.С.(25) од Чашка пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во близина на гимназијата бил каснат од куче скитник.

    На 03.04.2024 во 07.00 часот во Полициска станица Велес М.К.(26) од Велес пријавила дека во близина на спортската сала во Велес била касната од куче скитник.

     На 02.04.2024 во 19.30 часот во Полициска станица Велес Д.И.(71) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img