More

    Дополнителни возила за Задушница – Бројот на 59-ки ќе биде зголемен од петок до недела

    spot_img

    Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) информира дека линиите 59 од Карпош 3, од Ново Лисиче и од Кисела Вода во петок, во сабота и во недела ќе бидат опслужувани со дополнителен број на автобуси поради верскиот празник Задушница. Од таму нагласуваат дека автобусите во петок ќе сообраќаат по саботен возен ред.

    – Во петок, во сабота и во недела, на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел), 59а (Ново Лисиче – гробишта Бутел) и 59б (Кисела Вода – гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси – се вели во соопштението од ЈСП.

    Како што потенцираат од претпријатието од понеделник почнува и летниот возен ред на автобуските линии, но посочуваат и за престанување на важноста на бесплатните ученички билети со завршување на учебната година.

    – Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. Информираме дека основците/средношколците (не важи за средношколците кои завршуваат четврта година) можат да купат месечен билет по повластени цени за јули или август по цена од 600 денари за еден месец. За купување на т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид – потенцираат од ЈСП „Скопје“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img