More

    Спремни сме за српско сценарио, вели косовскиот министер

    spot_img

    Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља, на интервју за телевизијата Њус24 Албанија, кажа дека „околу 400 српски екстремисти“ се обучуваат во близина на административната линија со Косово.

    Според косовскиот министер, тие чекаат само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за почеток на агресивни напади на Косово.

    Министерот додаде дека се обидуваат да спречат какво било „српско сценарио“, но и дека се спремаат да се соочат со тоа сценарио.

    Свечља се осврна и на прашањето на укинувањето на српскиот динар во Косово и кажа дека целта на Косово е да биде демократска земја.

    – Сакаме да бидеме и нормална, независна и суверена држава. Не тежнееме кон ништо друго освен да бидеме демократска земја во која владеат ред и закон. Дали станува збор за одлуката за динарот или за претходната одлука за табличките или за струјата, тие се нормални одлуки на земја која тежнее да биде дел од ЕУ и од НАТО – кажа косовскиот министер.

    Свечља, околу односот на косовскиот премиер Аљбин Курти со меѓународната заедница, оцени дека нема раздор меѓу нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img