More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 10.04. 2024

    spot_img

    Денеска (10.04.2024) во 00.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(33) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

    На 09.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот Р.Е.(47) од с.Ласкарци-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

      На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

    На 09.04.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.   

    На 09.04.2024 во 15.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско- Прилеп мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(58) од с.Дуње, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница-Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

    На 09.04.2024  во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

    На 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко. Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице. По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.

    На 09.04.2024 во 10.30 часот на Граничниот премин Табановце од полициски службеници била приведена С.А.(35) од Скопје поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека се барала со потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од КЗ на РСМ. Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.   

    На 09.04.2024 во 20.55 часот во Полициската станица Центар С.Ј.(49) од Скопје пријавил дека на Кеј„13-ти Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 09.04.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.Ј.(71) од Скопје, пријавил дека на ул.„376“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    На 09.04.2024 во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба Џ.Л.(21) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково-скопско бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img