More

    Спречен терористички напад во Германија? Едно лице е приведено, пронајдена е и експлозивна направа

    spot_img

    Германската полиција приведе лице во градот Хале под сомнение дека подготвувало терористички напад со екстремно десничарско потекло, објавија во средата германските медиуми.

    „При претресот на станот на уапсениот, најдовме материјали кои укажуваат дека уапсениот има презир кон луѓето кои не се вклопуваат во неговите светогледи“, изјави државниот правобранител Денис Чернота за јавниот сервис МДР.

    Државното правобранителство соопшти дека 36-годишниот маж бил приведен викендов откако извикувал расистички пароли и се заканувал со оружје од прозорецот на неговиот стан. Во таа прилика била пронајдена и експлозивна направа која била „подготвена за употреба“.

    „Поаѓаме од фактот дека осомничениот имал намера да убие и повреди други луѓе со оваа направа“, соопштија од обвинителството.

    Полицијата во моментов истражува дали осомничениот делувал сам или како дел од десничарска екстремистичка група.

    Како што понатаму известува МДР, населбата Хале во која живеел осомничениот е позната по тензиите меѓу домородците и имигрантите од Африка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img