МВР – Извадок на дел од дневните настани 22.02.2023

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СВР Велес до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против О.К. (41) од Велес, вработен во СВР Велес, и Н.К. (46) од Битола, вработен во СВР Битола, поради основано сомнение дека првопријавениот е сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија. За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од Кривичниот законик и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од Кривичниот законик, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и во спроведување на измамата. Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување.

На 21.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Х.П.(58) од с.Трново, битолско. Тој се сомничи дека на 21.02.2023 околу 11.00 часот во дворот на неговата куќа во село Трново, запалил оган од суви гранки, при што огнот се проширил кон соседниот двор и зафатил дел од дворот со дрва и дел од штала, како и нива, а зафатил и далновод за пренос на електрична енергија. Х.П. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 22.02.2023 во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(47) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 20.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 12.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 13.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Д.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и сигнален пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 10.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

На 21.02.2023 во 15.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 околу 22.00 часот во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот С.У. од Пирок. При негов и преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште три лица од истото село, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 21.02.2023 во 10.30 часот на Граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен А.П.(33) од Република Србија, затоа што при контрола на патничко возило „мерцедес вито“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека бројот на шасијата бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 21.02.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин Богородица, од слобода бил лишен А.Ј.К.(37) од Република Турција, кој бил со патничко возило „ауди“ со турски национални ознаки. При пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана киргистанска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

- Advertisement -
Ad image

На 21.02.2023 во СВР Битола, било пријавено дека во с.Трново, битолско, била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и било констатирано дека станува збор за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 154 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас…

На 21.02.2023 во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка. На местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 21.02.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.К.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил каснат од куче скитник.

На 21.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 16 – годишник од Скопје пријавил дека на ул.„Максут Садик“ бил каснат од куче скитник.
На 21.02.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(41) од Скопје пријавил дека на кејот на река Вардар бил каснат од куче скитник.

Share This Article