More

    Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпеље, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар

    spot_img

    Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпеље, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар, соопшти владата на департманот Еро.

    „Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпеље по полуфиналето на Светското првенство беше донесено во болница во тешка состојба, но подоцна почина”, се вели во соопштението на локалната власт.

     

    Како што е соопштено, автомобилот кој учествувал во инцидентот бил пронајден во близина на местото на несреќата, а полицијата во моментов врши увид. Откако француската фудбалска репрезентација го совлада Мароко со резултат 2:0, избувнаа нереди во неколку француски градови.

     

    Околу стотина навивачи се приведени синоќа во Брисел поради нередите по мечот, информираше новинската агенција Белга, повикувајќи се на полицијата. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата изутринава.

    Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. На фотографиите кои ги објави Белга има купишта запалено ѓубре, голем број полицајци облечени во опрема за разбивање нереди и жители кои синоќа почнале да ги чистат улиците.

    Мароко стана првата селекција од Африка која стигна до најдобрите четири на Светското првенство, откако ги исфрли Шпанија во осминафиналето и Португалија во четвртфиналето. Ја победија и Белгија во групната фаза.

    Неколку лица беа уапсени и во текот на нередите во Антверпен, северно од главниот град, објави Белга.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img