More

    Младата популација се намалила за повеќе од 150.000 жители

    spot_img

    Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1,8 милиони жители или намалување од околу 180.000 жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во возрасната група 15-29 години забележа диспропорцијално поголемо намалување, се наведува во истражувањето на ИДЕИ.

    Бројот на младо население во Македонија се намалил драстично во последните 2 декади. Пописот во 2002 година регистрирал 480.828 млади на возраст од 15-29 години, додека за време на пописот во 2021, младата популација броела само 326.733 или се намалила за повеќе од 150.000 жители.

    Сепак, намалувањето на младо население не е секаде исто. Така на пример, некои општини забележале драстично поголемо намалување за разлика од други, во трети општини пак, пописот во 2021 регистрира зголемување на младото население. Такви на пример се: општините Студеничании Арачиново.

    Младите во Македонија на возраст од 15-29 години претставувале 17,8% од вкупното население во 2021 година. Европскиот просек во 2021 година бил 16,3%.

    Анализата на општинско ниво покажува дека некои општини како на пример Ново Село и Дебрца имале околу 13% млада популација од вкупната популација во општината, или далеку под националниот просек. Од друга страна, во Арачиново и во Липково, скоро една четвртина од општинското население се млади на возраст 15-29 години, што е далеку над просекот.

    Општини со најмал број на млади се Новаци, Лозово и Зрновци каде во 2021 година имало помалку од 400 млади. Загрижува фактот дека во 23 од 80 општини во државата има помалку од 1.000 млади.

    Општина Куманово со 18.720 млади има најголем број таква популација во Македонија (ако се изземе градот Скопје– 91.000 млади), потоа следат Тетово – 17.487 и Битола -13.320.

     

    Просторната анализа на општини со најголем пад на бројноста на младо население покажува дека општините кои се подалеку од подрачјето на Скопје, имаат поголем пад на младо население за разлика од оние кои живеат во околината на Скопје и/или поголемите градови.

    Па така на пример, општините Маврово и Ростуше, Ново Село и Центар Жупа доживеале најголем пад на бројноста на младо население, од преку 60% во последните 2 декади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img