More

    Мизрахи смета дека обвинителството ја одолговлекува истрагата, а со тоа ги валка белите мантили

    spot_img

    Добивме огромен материјал  од Министерството за здравство, од Клиниката за радиотерапија и онкологија, од Фондот за здравство и слично, но сиот материјал не беше систематизиран туку беше во целосен хаос и беше потребно време за да се среди. Но, не губевме време ја составувавме и листата на сведоци. Или двата процеси се одвиваа паралелено, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

    Мизрахи информираше дека биле повикани вкупно 62 сведоци, а се појавиле пред 52 сведоци пред Анкетната. Според неа непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.

    -Целта на Анкетната комисија е да бара политичка одговорност. Мое лично мислење е дека јавното обвинителство може да постапи по извештајот од Државниот ревизор, од друга страна од самото гледање на хронологијата на настани недоследностите се јасни. Оттука е нејасно зошто на јавното обвинтелство му треба толку време за постапување. И нејасно е зошто обвинителството оди само во предистрага. Или се прави магла. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски требаше пред Анкетната кмисија да даде одговори затоа што не беше јасно до каде е предистрагата, потоа и обвинителството и МВР велеа дека ја почнале истрагата. Ме загрижува однесувањето на јавното обвинителство – рече Мизрхи.

    Мизрахи посочи дека до неа стигнуваат информации од пациенти или роднини на починати пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија за низа неправилности.

    -Кога ќе ги прашам зошто не одите во органите надлежни за истрага и таму да ги кажете сознанијата и информациите велат дека немаат доверба. Тука е и стравот, а тој доаѓа од ситуацијата во која сме, која говори дека нема систем. Ова е траорна приказна во Македонија, исто како и случајот со модуларната болница во Тетово и на крајот ќе има одговорни со име и презиме и мора да има разврска за случајот Онкологија – рече Мизрахи.

    Според неа скандалот Онкологија покажува колку во суштина не функционира ништо во државата.

    -Ова е тенденциозен хаос. Скандалот покажува дека што подолго јавното обвинителство ја одолговлекува истрагата толку повеќе ги валка белите мантили во државата. Затоа мора да има разврска и посочување на одговорните, кажување на нивните имиња и презимиња – изјави Мизрахи.

    Мизрахи посочи дека доколку се почитуваат законите во оваа област, доколку се почитуваат протоколите и процедурите, а јасни се контролните механизми скандалот можел да се спречи.

    -Случајот покажува дека не се почитуваат нормите, има само моќ и кажувања јас сум закон, јас ги креирам правилата. Во таква ситуација има погазување на законите и целосен хаос – вели Мизрахи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img