More

    Мицкоски – Влез во влада во која нема да биде ДУИ,а за промена на УСтав да се причека влезот во ЕУ

    spot_img

    Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложил двете партии заеднички да ги поддржат уставните промени, а веднаш потоа да се распишат предвремени парламентарни избори, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ веднаш би влегла во Владата. Ова би овозможило земјата да ги почна пристапните преговори со Европската Унија.

    Мицкоски ова го прифатил под услов во таа национална широка влада да не учествува ДИУ, и второ уставните измени, кои би се усвоиле, да стапат во сила дури кога ќе почне ратификацијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во ЕУ во парламентите на земјите членки.

    – Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи да во рамките на парламентот отпочне дискусија и да се отвори, да се изгласа потребата со 2/3 за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ, пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори за кои пред една година не убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени 1,2,3 поглавја зависно од брзината, а таа Влада да организира предвремени парламентарни избори. На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Влада со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада – рече Мицкоски по средбата.

    Тој исто така побарал уставните измени да се усвојат со преодна клаузула според која тие стапуваат во сила дури кога ќе почне ратификацијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во ЕУ во парламентите на земјите членки, што премиерот Димитриевски го одбил, со образложение дека тоа би било кршење на Преговарачката рамка, која Македонија ја прифати.

    Мицкоски имал и котрапредлог со кој одговорил на Димитриевски:

    – Да одиме на предвремени парламентарни избори кои што ќе се одржат на, три дати дадов како предлог, на есен генерално, да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел Демократската унија за интеграција и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда, гаранција за сето ова кое што ние го збориме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна влада избрана од Националниот парламент таму. И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство. Потоа да побараме од страна на претседателот на Европската Комисија определен економски пакет за македонските граѓани и за бизнисот да го подготвиме во процесот на преговори затоа што тој мора да биде конкурентен на европскиот пазар, да може да ги задржи луѓето тука, бидејќи знаете дека миграцијата, иселувањето е големо.

    И трето, имајќи предвид дека состанокот покрај евроинтеграции беше и за добрососедство, а добрососедството значи двосмерна улица, не едносмерна, значи и нашите соседи треба да бидат добри соседи. Јас би сакал да бидам добар сосед со нашиот источен сосед, со Бугарија и од оние 14, 13 веќе завршени судски случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур од коишто 6 се конечни и веќе во септември треба Бугарија да ги имплементира, да одбере 3, Бугарија да одбере 3 и тие 3 да ги примени. Еве Бугарија да одбере 3, нема ние да ги бираме. Од овие 6 за коишто постои во моментов од Советот на министри при Советот на Европа кон Бугарија ултиматум дека ќе следат санкции, да избере 3, само 3 и истите тие да ги примени и тогаш ќе речеме добро е, навистина постои нов ветар кај нашиот источен сосед, има добрососедство и нашинците во тој дел од земјата, односно во тој дел од Балканот, во Бугарија ќе можат да се почуствуваат дека некој во нивната матична држава стои позади нив. Тоа тој во овој момент не го прифати, бидејќи тоа значело промена на преговарачката рамка итн., но претпоставувам дека вие ќе можете да поразговарате малку повеќе со него кога ќе дојде овде, н јас не гледам тука дека има промена на преговарачка рамка. Бараме гаранции, бараме пакет, и бараме грижа, онашто им следува на нашинците во Бугарија и она коешто веќе го досудил Европскиот суд за човекови права и за што постои ултиматум пред санкции од Советот на министри при Советот на Европа – рече Мицкоски после лидерската средба.

    Мицкоски рече дека средбата е неуспех, покажала дека владата не обезбедила 80 пратеника за поддршка на уставните промени, но сепак рече дека добро е што средбата се одржала, затоа што досега немало никаква комникација.

    – Да заклучам, ценам дека лидерската средба ги покажа јасно позициите дека во овој момент нема двотретинско мнозинство во парламентот и дека час поскоро треба да има релаксирање во општеството, а единствен начин е практично час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори за да можат граѓаните да добијат влада каква што заслужуваат, а не влада каква што не ги застапува нивните интереси – рече Мицкоски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img