More

    Мицкоски вели дека нема да дозволи да се прави крпа од народната волја

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека ќе оди на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе каже дека уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има.

    – Цела недела гледаме една сапуница, каде со доза на напнатост од медиумите се дознава дали премиерот ќе прати официјално покана за лидерска, па потоа дали Ахмети ќе се согласи Ковачевски во 4 очи да разговара за иднината на својата држава, за да на крајот дали раководството на СДСМ ќе има доволно храброст и доверба во својот претседател Ковачевски да го пушти на таква средба. Еве ќе им кажам јас Христијан Мицкоски ќе дојдам на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе кажам дека уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има. Јас нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси. Македонија не е на распродажба рече вечерва Мицкоски.

    Тој пред велешани истакна дека сака да одговорам на неколку тези од власта кои се пласираат како де фокус од вистинските теми.

    – Прво е навистина неточно тврдењето дека ако не сме прифателе уставни измени државата влегувала во изолација. Не може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме. Државата е веќе во изолација, а до тука сме поради тоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор. Секоја година ни велат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. И така седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донеле готово е нема веќе ЕУ, со кои патем нема ни преговори.

    Второ, гледам дека од СДС не повикуваат да сме ги заштителе националните интереси и да сме прифателе уставни измени.

    Дозволете да прашам од кога тоа прифаќање на диктати од оние кои не не признаваат како народ, промена на Устав, без заштита на идентитет и јазик преставува заштита на национални интереси. Очигледно е дека ние и власта различно ги поимаме националните интереси.

    Трето, голема невистина е тезата на власта дека од овој немало подобар договор и потполно е неточно тврдењето дека сега е моментот за исчекор. На овие кои се излажаа до сега зарем да им веруваме дека сега ја говорат вистината?

    Сигурно можам да ви потврдам дека Македонија во минатото имала и шанси за подобар договор и дека секогаш кога се наметнувал моментумот сега или никогаш, Македонија ги доживувала најсилните разочарувања. Од тоа сега или никогаш состојбата на Македонија е драматично влошена а по 32 години независност ние збориме за есенцијално загрозени темели на државата. Да не се верува во овие убаво завиткани данајски подароци на СДС и ДУИ спрема народот кој има за цел да го оправда фијаското кон кое забрзано ја туркаат државата.

    Четврто, од власта да трошеа енергија за убедување на меѓународниот фактор за подобри позиции за Македонија колку што сега трошат бесцелно време за кодошење на државата, убеден сум дека заеднички ќе постигневме многу повеќе, зошто кога е во прашање одбрана на национални интереси ВМРО-ДПМНЕ може да биде само сојузник, независно дали некоја партија е власт или не.

    Мене ме интересира многу повеќе судбината на мојот народ од мојата лична кариера.

    А кога сме кај меѓународниот фактор, јас ги разбирам нивните позиции и ВМРО-ДПМНЕ ги споделува стратешките интереси за интеграција на Македонија. Но јас не можам да ја разберам сервилноста на власта, нивното падавичење и отворено бескичмено додворување пред странскиот фактор. Тоа е така поради отсуство на достоинство и принципи кое е последица на тоа што немаат резултати во работата и се надеваат на простување и замижување на недостатокот на реформи. Сето ова донесе колективни неуспеси за Македонија. Кој сака може да ги затвора очите пред нивните тешки криминали, но јас нема и кажувам дека ќе одговараат за се што направија и за се што му погрешија на народот и на државата .- истакна Мицкоски.

    Тој од меѓународниот фактор рече дека бара ЕУ да даде фер шанса за народот и за Македонија и предупредува дека клучно е да се отвори темата што по неуспехот на уставните измени.

    – Се чини дека владата нема никаков план ниту пак говори за тоа. Од друга страна имаме премиер кој е уценет. Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ви велам дека ќе направам се за ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img