More

    Мицкоски: Граѓаните треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација

    spot_img

    Пред да се случи таа вистинска меѓувладина кога треба да се усвои преговарачката рамка има еден дел каде што се вели воведни изјави од страна на македонската Влада и ЕК, барем таму каде што стои дека двете држави ќе дадат унилатерални изјави, не знам каква унилатерална изјава ќе даде Македонија за македонскиот јазик кој што е кодифициран, стандизиран уште на третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година во Грција. А, каква изјава ќе даде Бугарија? Зошто тоа не го кажат? Еве и да има трета изјава па ЕК да каже без разлика што да речеме Бугарија не го признава македонскиот јазик или има поинаков третман на истиот. Сите останати 26 членки немаат дилема дека тоа е македонски јазик, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

    Мицкоски додаде дека во текот на преговарачкиот процес Бугарија не го затвора прашањето за македонскиот јазик.

    – Самиот Османи на оној брифинг денеска кажува дека ќе има промена на учебниците, па се повикува на Самоиловото царство итн. се повикува и на други измени кои што треба да ги претрпат учебниците за историја, а до вчера нели Протоколот не беше дел од преговарачката рамка, нели историјата не беше дел од преговарачката рамка, јазикот е чист – запраша Мицкоски.

    Тој посочи дека сето што говореше власта се испостави дека е лага.

    – Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи“, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

    – И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста – рече Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдусмко изјаснување на граѓаните – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта. Тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека е сè завршено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img