More

    Мицкоски ги повика пратениците од СДСМ да застанат во одбрана на Македонија

    spot_img

    Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и премиерот Димитар Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно на Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.

    – СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца-тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија – истакна Мицкоски.

    Мицкоски ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

    – Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија – рече Мицкоски.

    На прашањето што мисли за владината реконструкција што во моментов ја прави премиерот Ковачевски, лидерот на опозицијата одговори дека овој парламентарен состав за брзо време ќе го заврши својот мандат и нема да стигне до двотретинско мнозинство кое е потребно за уставни измени.

    – Овој парламентарен состав очекувам многу скоро да го заврши својот мандат, и откако ќе го заврши својот мандат, да одиме на брзи предвремени парламентарни избори – истакна Мицкоски.

    Тој додаде дека се надева што поскоро на брзи предвремени парламентарни избори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img