More

    Министерот за правда Лога со нов СКАНДАЛ,за него најавата за бојкот на собранието на ВМРО ДПМНЕ ,била добредојдена вест за граѓаните „на нашата земја“

    spot_img

    Министерството за правда во соопштение на скандалозен начин ја коментира заканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека пратениците на оваа партија ќе го напуштат Собранието доколку на предлогот за амнестија му се стави европско знаменце.

    „Што се однесува до најавите на Мицкоски за заминување од Собранието на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата земја“, се вели во соопштението на Министерство за правда.

    „Недостигот на став за важни прашања и политики за блокада најдобро се изразува со напуштање на Собранието и ова е поздравен гест од наша страна. Можеби вака Христијан Мицкоски сака да и помогне на татковината со тоа што ќе го отвори просторот за гласање на уставните измени и ќе го отвори патот кон ЕУ – се вели во соопштението на Министерството за правда.

    Овој речник и дискурс, кој е својствен за дневно-политички и партиски пресметки, воопшто не доликува за институција на извршната власт, како што е Министерството за правда. Вакво „поздравување на бојкот на Собранието од наша страна“, во која не е објаснето која е тоа „наша страна“, претставува сериозна злоупотреба на извршната власт над законодавната, и го демонстрира нивото на политичка (не)култура која владее во министерството.

    Во соопштението министерството ги нарече неосновани тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека законот за амнестија ќе се спроведува по скратена постапка со европско знаменце.

    „Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, дури и на медиумската конференција одржана минатата недела, јавно кажа дека овој закон нема да се спроведува со европско знаменце, и дека тој самиот е против злоупотребата на европското знаме за спроведување на законот. ВМРО-ДПМНЕ да не заземаат став, кога од првиот ден беа информирани за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон е потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да ги амнестира своите поранешни избрани и именувани членови, таков закон нема да има – се вели во соопштението на Министерството за правда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img