More

    Министерот ја посочи вината кај екс-раководството на Клиниката

    spot_img

    Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за Алсат изрази жалење за случајот со Клиниката за онкологија ја кој вели дека тој го иницирал и посочи дека најголема вина има поранешното раководството на Клиниката.

    – Ние ја преземавме иницијативата уште пред еден месец, пред да излезе во јавност случајот и го испративме таму ДСЗИ за да направи една контрола. Не случајно, јас како министер заедно со кабинетот за прв пат инициравме и полицијата и обвинителството да влезат на клиниката, за да евидентираат точно – има или нема грешки во минатото. Според мои информации, тогашниот директор, специјалист става дијагноза, бара терапија и тој самиот потпишувал и ја делел терапијата – истакна Меџити.

    Министерот за здравство апелира до Обвинителството што побрзо да го реши случајот.

    – Многу ми е жал за случајот со Клиниката за онкологија. Ние сме во секојдневна комуникација и со полицијата и со обвинителството. Нормално апелираме до обвинителството овој случај што побрзо да се разреши до крај како никогаш досега – рече Меџити.

    Министерот за здравство информираше дека од ноември 2022 кога е разрешен директорот, дојдена е друга медицинска директорка, која применува други методи во делењето терапија.

    – Клиниката има два оддели кои имаат свои управувачи. Секоја среда, сите се собираат и одлучуваат точно за дијагнозата, терапијата и дозата што треба да се аплицира кај пациентите. И јас претходната недела учествував на колегиумот каде фактички тие одлучуваат за терапијата и увидов дека потранспарентно и поодговорно од ова не може да биде. Исто така по овој состанок комуницирав и со пациентите по ходниците, јас сум 23 години лекар, сум хуманист и сум го дал заветот на Хипократ и не се плашам да зборувам со пациентите, затоа што тие се мои блиски и на сите мои колеги и ве уверувам дека тие имаа многу добри мислења за своите лекари кои ги водат –  потенцира Меџити.

    Тој потсети дека како министер и како лекар секогаш апелира сите случаи каде има индикации за злоупотреби во здравството со аргументи да се пријават во Министерството или во останатите институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img