More

    „Мини Купер“ со голема брзина излетал од патот и се запалил во Волково

    spot_img

    Доцна ноќеска во Волково се случила страшна сообраќајна незгода во која животот го загубило едно момче, а друго било заработило потешки повреди.

    Според нашите информации несреќата се случила откако двете момчиња кои се возеле во „мини купер“ со голема брзина удриле во камен кај маркет ,,Гаџо“, при што автомобилот се запалил едно од момчињата починало на самото место. Се запалила колата и наводно луѓето изгореле.

    Оваа информација ни беше потврдена од страна на СВР Скопје каде што било пријавено дека на крстосница од ул.„60“ и  ул.“58“ во с. Волково се случила сообраќајната несреќа.

    – Во СВР Скопје во 03.15 минути било пријавено дека во с.Волково патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С. (26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат – нѐ информира од СВР Скопје.

    Оттаму додаваат дека во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img